24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИнтер подготвува 20 милиони за Торес

Интер подготвува 20 милиони за Торес

Fernando-Torres-Chelsea

Интер подготвува втор многу сериозен трансфер, откако неодамна го привлече Немања Видиќ со преддоговор, кој ќе стапи на сила на крајот на сезоната.

Според „Дејли Меил“, тимот на Валтер Мадзари е подготвен да понуди 20 милиони фунти за напаѓачот на Челзи, Фернандо Торес.

Шпанецот има две години до крајот на договорот со „сините“ и реално летниот преоден рок ќе биде последна шанса да се заработи добри пари за него.

Самиот Мурињо воопшто не е задоволен од напаѓачите и е подготвен да ги направи потребните промени во текот на летото.

Со трансфер во тимот од Лондон се поврзуваат имиња како Радамел Фалкао, Марио Балотели и Диего Коста.

Се шпекулира дека во јануари од Интер биле во контакт со Челзи и се обиделе да го привлечат Хуан Мата, но трансферот не се реализираше. Во текот на летото, сепак „нероазурите“ најверојатно ќе ги обноват преговорите со лондончани, но овој пат за Торес.

Во оваа сезона во Премиерлигата, Шпанецот настапи на 20 натпревари и постигна само 4 гола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП