25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНапиток од бозел кој го скратува времетраењето на грипот

Напиток од бозел кој го скратува времетраењето на грипот

Цветот од бозел, како и плодот (црните бобинки), се ефикасни борци во борбата против настинката и грипот. За превенција во периодите на грип се препорачува пиење на чај од цветовите на бозел, додека на веќе разболените им се препорачува сируп од бобинките.

Црните бобинки од бозелот (плодот) како и самиот цвет на оваа позната билка се богати со витамин Ц, флавоноиди и протеини, поради што оваа билка е една од најпознатите во борбата против грипот и настинката. Најважното својство на бозелот е поттикнувањето на потење, со што од телото се исфрлаат отровите, што е многу важно за лицата заболени од грип.

Потребни состојќи:

– 5 гр. суви цветови од бозел

– 2 парчиња рендан ѓумбир

– 250 мл. вода

– неколку капки лимон

– 1 лажица мед

Цветовите од бозел прелијте ги со 250 мл врела вода. Оставете ги да отстојат 2 минути па додадете го ѓумбирот и оставете да отстои уште 5 минути. Процедете ја течноста и додадете го медот и лимонот. Најмалку четири пати во денот пијте го овој напиток со цел да го скратите времетраењето на грипот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП