19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО40 милиони ги делат Ливерпул и Зенит од Јармоленко

40 милиони ги делат Ливерпул и Зенит од Јармоленко

Andriy Yarmolenko, Ukraine

Ливерпул и руски Зенит упатиле понуди за напаѓачот на Динамо Киев, Андриј Јармоленко, пишуваат украинските медиуми.

Тренерот на клубот Олег Блохин ги коментираше овие информации и изјави дека цената на овој фудбалер е 40 милиони евра!

„Не сакам да отворам излишна тема за трансфери, но едноставно претседателот ме праша кое е моето мислење за продажба на наши играчи, а на прво место беше Јармоленко“, објасни Олег Блохин.

„Имаме предлози за Јармоленко од руски Зенит и од Ливерпул. Според разговорот со претседателот Игор Суркис, најверојатно неговата цена е околу 40 милиони евра. За мене тоа не е императив, но ако играчот сака да си замине и цената ни одговара, тогаш нема проблем. Истото беше во Шахтјор со Вилијам и Мхтаријан – тие не сакаа повеќе да бидат дел од клубот, а и оштетата беше добра“, вели искусниот стратег.

Тој рече дека сигурно во тимот останува дефанзивецот Евгени Хачериди, за кој исто така била одредена цена од 35 милиони евра. Ливерпул сепак, очигледно има и резервен план, откако скаутите на клубот го гледале и 16 -годишното крило на Олимпик Марсеј, Максим Лопез. Интерес кон момчето има и од Арсен Венгер, кој сака да го земе во Арсенал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП