20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо го „краде“ Варан!?

Мурињо го „краде“ Варан!?

A

Жозе Мурињо пред англиските медиуми уште еднаш говореше со восхит за Рафаел Варан, за кој смета дека е најдобриот млад дефанзивец во светот.

„Сметам дека Рафаел е најдобар млад дефанзивец на светот. Веќе сега мислам дека е најдобар“, вели Мурињо.

Португалецот го доведе Варан во Мадрид од Ленс пред три години, а францускиот интернационалец токму од Мурињо доби шанса да го докаже својот квалитет. Овој 20-годишен фудбалер тоа и го стори со одличните партии, пред се и против големиот ривал Барселона.

Варан во средата ги одигра сите 90 минути за Франција против Холандија, а Мурињо смета дека тој на вистински начин ќе се докаже и во Бразил.

„Млади играчи ги сметам оние фудбалери кои за прв пат играат на Светско првенство. Тоа се Азар, Нејмар и Варан, тројца одлични фудбалери“, истакна Португалецот.

Својот восхит кон францускиот дефанзивец, Мурињо би можел да го преточи во понуда и евентуален трансфер во Челзи.

Мурињо веќе го обезбеди потписот на Курт Зима, кој на крајот на сезоната ќе пристигне во клубот, а тој во моментов и натаму игра во својот клуб како позајмен играч.

Со оглед дека се почесто се говори за продажба на Давид Луис, Курт Зума со Варан би биле одличен тандем и би претставувале одлична иднина во последната линија на лондонскиот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП