19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорусија Дортмунд ќе пазари во ПСЖ

Борусија Дортмунд ќе пазари во ПСЖ

moura43

Поради претстојната разделба со Роберт Левандовски, Борусија Дортмунд очигледно ќе го зајакнува сериозно тимот во текот на летото. Германците сега сакаат да си ја пробаат шансата со понуда до ПСЖ за бразилскиот талент Лукас Моура.

„Жолто- црните“ се окрилени од информациите дека играчот, кој пред извесно време беше на чекор од трансфер во Манчестер Јунајтед, се уште не може да се аклиматизира на францускиот фудбал и доживува осцилации во формата. Агентот на Моура веќе призна дека на крајот на сезоната, двајцата со неговиот клиент ќе ги разгледаат сите опции, а од „Сигнал Идуна Парк“ ќе сторат се, за да бидат прва опција.

Тренерот на Борусија, Јирген Клоп очигледно сака да го засили тимот на крилната позиција, а ако Моура пристигне во клубот, најверојатно како стартер во нападот ќе заигра новото засилување Пјер-Емерик Обамејанг.

Не е исклучено ПСЖ да се согласи на договор за јужноамериканецот, за да може да финансира трансфер на играчи од калибарот на Еден Азар и Миралем Пјаниќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП