25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСити подготви 200 милиони евра за Меси!

Сити подготви 200 милиони евра за Меси!

mesi gde si1

Манчестер Сити се подготвува да го откупи Лионел Меси од Барселона, пишуваат одредени медиуми во Шпанија. Според информациите сопственикот на Англичаните, шеикот Мансур бин Зајед ал- Најан бил подготвен да ја плати клаузулата за Аргентинецот, која изнесува 200 милиони евра.

„Граѓаните“ на Меси би му обезбедиле рекордната плата од 25 милиони евра. Се претпоставува дека и ѕвездата на „каталонците“ е запознаена со овој предлог.

Раководството на Барса сепак ќе се обиде да го обнови договорот на Меси, а ако тоа се случи, тоа ќе е шестото потпишување на договор за последните шест години.

Според информациите, Барселона ќе треба на Меси да му обезбеди плата од најмалку 20 милиони евра, за да го убеди да потпише. Тогаш веројатно ќе се укине и неговата клаузула за откуп. Инаку за потсетување, секој клуб кој сака да го земе Кристијано Роналдо, треба на Реал да му плати 1 милијарда евра.

Интерес кон Меси имал и ПСЖ, кој е управуван од катарски сопственици. Кај шампионот од Лига 1, сепак проблем се високите даноци во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП