25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако вежбањето ја подобрува функцијата на срцето?

Како вежбањето ја подобрува функцијата на срцето?

heart-exercise

Без разлика дали станува збор за кревање тегови во фитнес центар или само обична прошетка, вежбањето има многу предности бидејќи им помага на луѓето да ослабнат и да ги зајакнат мускулите.

Некои студии покажуваат дека со физичка активност може да се намали ризикот од карцином и други болести.

Истражувачите тврдат дека умерена и долгорочна физичка активност го подобрува кардиоваскуларното здравје кај глувците со тоа што влијае на митохондриите.

Вежбањето помага за зајакнување на срцевиот мускул за да може тој да пумпа повеќе крв низ телото на поефикасен начин.

Луѓето кои редовно вежбаат имаат помал ризик од срцеви проблеми и кардиоваскуларни болести.

Според една проценка, 250.000 смртни случаи во САД се барем делумно последица на недостаток од вежбање.

Меѓутоа, се досега истражувачите ги збунувало како сето тоа се случува во организмот на ниво на молекули.

Лабораториските глувци (како замена за луѓето) кои вежбале 54 недели на подвижна лента имаат поголемо ниво на одредени протеини во митохондриите на срцевите клетки, отколку глувците кои не вежбале.

Митохондриите произведуваат енергија за клетките во организмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП