29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТрик за одвикнување од овие опасни намирници

Трик за одвикнување од овие опасни намирници

opasninamirniciblagoslatki5464

Често се објавува дека шеќерот предизвикува зависност бидејќи го зголемува нивото на сератонин во мозокот, зголемувајќи го така расположението и ублажувајќи ја депресијата. Тоа исто така предизвикува и низа проблеми, а одвикнувањето од него уклучува депресија, раздразливост, главоболка, немир и нервоза.

За да ви помогнеме да го намалите внесувањето на шеќер во организмот и успешно да се откажете од слатките кои многу ги сакате, ви даваме неколку совети како да го решите овој проблем.

Преполовете ја количината на шеќер во кафето и пијалоците

Ако ставате две лажички шеќер во кафето, од денес започнете да ставате само една. По неколку денови вие ќе се одвикнете од ова, а ако продолжите со процесот на преполовување на шеќерот, наскоро ќе пиете кафе без шеќер.

Заменете ги газираните пијалоци со цедени сокови

Ако сте фан на газираните слатки пијалоци, наместо лименка од омилениот напиток, помешајте свежо исцеден сок од портокал со газирана вода. Речиси 25 проценти од вкупниот внес на калории ги внесуваме преку засладените сокови.

Мерете ги порциите

Ако ги сакате слатките како сладоледот, бонбоните или гумените бонбони, секогаш покрај вас имајте некој сад кој ќе ви биде мерка за количината, која претходно сте ја одредиле за доволна. Не се послужувајте од кесето со гумени бонбони, на тој начин немате контрола колку сте изеле, одредената количина на неделно ниво намалувајте ја за неколку бонбони.

Шеќерот од повеќе причини се смета за дрога, а ако го исфрлите од исхраната ќе доживеете важни промени. Ќе станете посмирени, помалку раздразливи, без драстични промени во расположението и со повеќе енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП