24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗапочна да функционира апликацијата за ГИС системот во Штип

Започна да функционира апликацијата за ГИС системот во Штип

stipoaza

Почна да функционира веб апликацијата на  Гео информациониот систем (ГИС- системот) на Општина Штип.

Соња Иванова, вработена во Одделението за урбанизам при Општина Штип вели дека на апликацијата која се наоѓа на веб страницата www.stip.gov.mk се достапни триесетте Детални урбанистички планови од 1967 до денес.

– Секој корисник на интернет, со едноставно кликнување на банерот кој е на првата страничка на Општина Штип, имаат можност да влезат во ГИС системот и да пребаруваат информации за одредени параметри за нивните имоти. Тоа подразбира планска документација како и сателитски снимки од имотот, со пребарување по адреса или локација, вели Иванова.

Таа истакна дека кога системот ќе биде потполно оперативен ќе овозможува увод во многу податоци од областа на урбанизмот. Предвидени се податоци кои се однесуваат на шест главни области: општинска управа, сообраќајна инфраструктура, енергетска инфраструктура, комунална инфраструктура и разно, со повеќе подобласти како што се: предлози и иницијативи, општинска сопственост, даноци, одобренија за градба и неизградено градежно земјиште.

Драган Ристов, портпарол на Општина Штип изјави дека општината за реализирање на ГИС-системот доби грант од Владата на Словенија. Според него основната цел на градоначалникот на Оптина Штип, Зоран Алексов е со користењето на ваквиот систем на граѓаните да им се овозможи на поедноставен електронски начин да ги добиват своите документи и тоа според европските модели и практики.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП