25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСпречете ја појавата на дијабетес

Спречете ја појавата на дијабетес

dijabetesiglimerenje56996sf

Дијабетесот е глобален проблем во светот, секој ден се повеќе луѓе заболуваат од оваа болест. Во продолжение ви даваме неколку начини како да ја спречите неговата појава…

Регулирајте ја телесната тежина

– Ова е еден од најважните чекори во превенцијата од дијабетес, бидејќи вишокот на килограми го отежнува контролирањето на шеќерот во крвта. Наместо да следите некоја истоштувачка диета, промените во исхраната правете ги постепено и пополека. Добар начин за ова е да се започне да се бројат калориите кои ги внесувате.

Внесувајте диететски влакна

– Диететските влакна се есенцијални во превенцијата од дијабетес, поради тоа што потребно е подолго време за дигестивниот тракт да ги свари хранливите материи кои содржат диететски влакна. Потребно е да се внесуваат 45 до 50 грама на диететски влакна на ден. Доволно е да ги внесувате со појадокот преку разновидниот асортиман на житарици.

Кафе и чај

– Во последниве години, истражувачите ја открија поврзаноста на консумацијата на кафе и чај и намалениот ризик од дијабетес. Резултатите од 18 различни студии открија дека пиењето на 3 до 4 шолји кафе на ден придонесува со 25 проценти намален ризик за дијабетес, споредено со лицата кои воопшто не го конзумираат.

Физичка активност

– Редовната физичка активност го зајакнува телесниот систем кој ја регулира гликозата во крвта. Ова е клучот за превенцијата од дијабетес. Вежбањето ја зголемува инсулинската сензитивност, овозможувајќи долготрајни придобивки од гликозата во крвта.

Правилно распоредени оброци

– Регуларната исхрана во текот на денот е многу важна за регулирање на шеќерот во крвта и избегнување на оптеретеноста на панкреасот. Потрудете се да го запазите временскиот интервал на секој оброк, правилно распореден во текот на денот.

Чувајте го срцевото здравје

– Доколку имате предијабетес, особено внимавајте на кардиоваскуларниот статус. Високиот крвен притисок, односно хипертензијата е асоциран со зголемен ризик од дијабетес. Нивото на холестерол е многу важно во превенцијата од дијабетес. Избегнувајте ја храната што содржи ЛДЛ-холестерол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП