16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗа две години урбанизирани 1.648 а продадени 659 државни парцели за куќи

За две години урбанизирани 1.648 а продадени 659 државни парцели за куќи

urbanizirano1

Во текот на 2011 и 2012 година во целата држава се урбанизирани 1.648 локации на државно земјиште за изградба на куќи, како и 535 на приватно земјиште или со нерасчистени имотно-правни односи.

Во тој период, покажува анализата на Министерството за транспорт и врски, се продадени 659 државни парцели за индивидуално домување, како и земјиштето за проектот „Сончев град“, каде се предвидени голем број локации со таква намена.

Најмногу локации за изградба на куќи урбанизирала општина Илинден, 410,  каде се  продадени 126 државни парцели за изградба на индивидуални куќи. Во Демир Капија се урбанизирани 109, а продадени 52, во Битола 100 се урбанизирани и продадени се 78.

Во Прилеп е завршена постапката за урбанизација на 368  локации и се продадени 14 државни парцели. Во општина Петровец, пак, се урбанизирани 192, а се продадени 10. Во Кичево се урбанизирани и продадени  43 локации, а во Кочани од 37 урбанизирани се продадени 35.

Според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, има голем напредок во урбанизацијата на локации за куќи, а натамошно стимулирање на процес ќе овозможат новите поволности од владиниот проект „Купи куќа-купи стан“.

– Тоа е одлична мерка за натамошно стимулирање изградба на куќи, рече Јанакиески, одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП