19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСакате 23.000 евра? Пријавете се...

Сакате 23.000 евра? Пријавете се…

island1

Ако сте невработени, а секогаш сте сонувале да отидете на пуст остров, имаме работа за вас! Шкотска, имено, бара управник на преубавиот остров „Inckome Abbey“.

Кандидатот кој ќе биде избран, ќе биде сместен во куќа со две соби покрај убавата средновековна опатија, каде што ќе престојува од март до октомври секоја година.

Но, тој нема да биде потполно сам, бидејќи со него ќе живее лице кое, исто така, ќе биде избрано преку оглас. Покрај нив, единствени жители на овој остров се фоките.

Островот „Inckome Abbey“ се наоѓа на средината на реката Форт во Шкотска и единствен начин за да стигнете до него е патувањето со брод. Куќата во која ќе престојуваат двете лица има струја и вода, и во потполност е опремена со сите апарати за домаќинство.

Единствена мана е тоа што на островот нема продавници, така што водата и храната треба претходно да се набават. Во куќата има телевизор, но нема кабловска, а при поминувањето, бродовите ја уништуваат сликата. Исто така, и интернетот е со послаб сигнал.

За осум месеци поминати на островот платата изнесува 23.000 евра. Единствена обврска на овие две лица ќе биде дочекот на туристите, но тоа не е некоја тешка работа, бидејќи островот не е многу посетен и на него доаѓаат само околу 20.000 луѓе годишно.

За сите заинтересирани, конкурсот трае до 15-ти февруари.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП