24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредба со стопанственици за имплементација на ХАЛАЛ стандардот

Средба со стопанственици за имплементација на ХАЛАЛ стандардот

halal sistem

Министерството за економија денеска ќе организира средба со стопанствениците од Република Македонија за имплементирање на ХАЛАЛ стандардот.

Целта на средбата е да се презентираат можностите и значењето од воведувањето на ХАЛАЛ стандардот во работењето на претпријатијата, процесот на сертифицирање, како и можностите и начинот на аплицирање за субвенционирање на трошоците за негово воведување и сертифицирање од страна на Министерството за економија.

На средбата ќе се обратат министерот за економија Ваљон Сарачини, претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија Мендерес Кучи, извршниот директор на Стопанска комора на Македонија Јелисавета Георгиева, извршниот директор на Сојузот на стопански комори Митко Алексов. Компаниите „Виталиа“, „УКА Комерц“, и „Макпрогрес“ ќе ги презентираат своите искуства од имплементација на ХАЛАЛ стандардот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП