19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеморандум за соработка меѓу Македонско-бугарската стопанска комора и Скопскиот плански регион

Меморандум за соработка меѓу Македонско-бугарската стопанска комора и Скопскиот плански регион

dogovordogovorrakuvanje55

– Советот за развој на Скопскиот плански регион денеска ќе ја одржи својата петта редовна седница и ќе потпише Меморандум за соработка со Македонско – бугарската стопанска комора со цел иницирање на заеднички активности и воспоставување на соработка за унапредување на економскиот развој.

Предвидено е да присуствуваат градоначалниците од Скопскиот плански регион,  амбасадорот на Бугарија Иван Петков, Димитар Салов, трговско аташе на Амбасадата на Бугарија, министерот за локална самоуправа Тахир Хани, заменик-министерот за животна средина Стево Темелковски, како и бизнисмени-членови на Македонско-бугарската стопанска комора.

На седницата ќе се избере и претседател на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Скопскиот плански регион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП