19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗимата е виновна, вели Јелен

Зимата е виновна, вели Јелен

P

Невидената зимска олуја која во последните два месеци ги погоди САД е една од причините за последните лоши економски податоци, вели Џенет Јелен.

„Во минатиот месец се соочивме со малку послаби податоци“, изјави претседателката на американската централна банка ФЕД, пред банкарскиот Комитет на Сенатот и истовремено укажа на слаби податоци во секторот за малопродажба, недвижнини, отворање на нови работни места и индустриското производство, пренесува агенцијата Франс прес

„Очигледно е дека невообичаеното ладно време имаше влијание на тие податоци“, додаде таа, но не кажа ништо за потенцијалната одлука на ФЕД да го суспендира процесот за намалување на поттикнувањето, кој во моментов е на 65 милијарди долари месечно.

Според нејзините зборови, сеуште е рано за да се идентификуваат причините за лошите податоци.

„Не би сакала да донесам погрешни заклучоци во врска со тоа дали податоците ќе останат слаби, но ако поради политиката на ФЕД во последните неколку месеци дошло до значајни промени во економските перспективи на САД, планот за укинување на програмата за монетарни поттикнувања може да биде повторно разгледан“, истакна Јелен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП