29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар ја отфрли приватизацијата

Кипар ја отфрли приватизацијата

kiparekonomijakip5

Кипарскиот парламент го отфрли планот за приватизација на клучните државни компании, план кој беше побаран од таа земја од страна на меѓународните финансиски организации.

Во тензичното гласање, 25 пратеници гласаа „против“ предлогот за законот за приватизација на државните компании, 25 пратеници беа „за“, додека останатите пет беа воздржани, пренесува Ројтерс.

Според одредбите од договорот со странските кредитори, Кипар има обврска да спроведе приватизација, со цел во март оваа година да ја добие четвртата рата од финансиската помош, чија вкупна вредност изнесува десет милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП