19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцузите се против помошта за Украина

Французите се против помошта за Украина

francuziukrainaprotiv56

Иако кризата во Украина им буди чувство на емпатија на Французите кон Украинците, повеќето Французи сепак се противат Франција и ЕУ финансиски да и помогнат на таа земја.

„Вкупно 65 проценти од Французите се против финансиската помош за Украина, а дури 67 проценти не сакаат таа земја да стане полноправна членка на ЕУ“, наведуваат фрaнцуските медиуми и додаваат дека таквиот став го имаат Французите од сите политички определувања.

Украина во ноември минатата година одби да го потпише договорот за слободна трговија со ЕУ, по што настанаа немири во таа земја.

Европскиот комесар за трговија Карел Де Гухт неодамна изјави дека Европската комисија е подготвена со Украина да потпише трговски договор.

Де Гухт изјави дека на преговарачката маса сеуште стои договорот за асоцијација на Украина со ЕУ, но дека таквото партнерство не би значело дека Украина е полноправна членка на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП