19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора: 20 милионери како половина држава

Црна Гора: 20 милионери како половина држава

multimilioneri659

Во Црна Гора минатата година имало 20 мултимилионери, односно еден помалку во однос на претходната година.

Ова го соопшти сингапурската компанија „Wealth-X“, која го изработи глобалниот извештај за светските богаташи, според чии стандарди мултимилионер е оној кој поседува имот во вредност од 30 милиони американски долари или 22 милиони евра.

„Црна Гора во 2013 година имаше 20 мултимилионери, а вкупната вредност на нивниот имот изнесуваше две милијарди долари“, изјави претседателот на сингапурската компанија Ахмед Фаузи.

Во овој извештај не се објавени имињата на црногорските мултимилионери, како ни начинот на кој го стекнале големото богатство.

Вкупната вредност на имотот на неименуваните црногорски мултимилионери, претворена во евра, е речиси еднаква на половина од бруто домашниот производ на оваа земја или 46 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП