28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцузите не веруваат во својата економија

Французите не веруваат во својата економија

francijapeople1

Повеќе од половина од Французите сметаат дека економската ситуација во нивната земја ќе се влоши оваа година.

Во исто време, Европската комисија се сомнева дека Франција ќе успее да ги исполни преземените обврски во однос на намалувањето на јавниот долг.

Според анкетата, која ја спроведе „Ипсос“, 67 анкетирани Французи биле песимистични во поглед на подобрувањето на економската ситуација во нивната земја оваа година.

Повеќе од една третина од анкетираните оцениле дека ситуацијата може да се влоши, додека 23 проценти од нив сметаат дека ќе се подобри. Само 24 проценти од анкетираните Французи имаат доверба во Европската унија, а 20 проценти во француската влада.

Анкетата беше реализирана во момент кога ЕК процени дека францускиот буџетски дефицит само малку ќе се намали во наредните две години, и дека во 2014 година тој ќе биде сведен на четири проценти од БДП, а не како што предвидуваше француската влада на 3,6 проценти.

Во анкетата учествувале 1.008 лица постари од 18 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП