25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон, Хонг Конг и Москва – Најскапи градови за изнајмување на деловен...

Лондон, Хонг Конг и Москва – Најскапи градови за изнајмување на деловен простор

delovenprostor64664646

Според најновиот извештај „Office Space Around the World 2014“ на една од најголемите агенции за недвижнини во целиот свет „Cushman & Wakefield“, Лондон втора година по ред е најскапиот град во светот доколку сакате да отворите деловен простор.

Просечната цена на изнајмување на деловен простор во Лондон изнесува 2,212 евра по квадратен метар годишно, следат Хонг Конг (1,432 евра) и Москва (1,092 евра).

На четвртото место се најде Пекинг (1,027 евра) и така ги надмина Токио (1,003 евра) и Њујорк (993 евра). Пекинг оствари значителен раст во однос на минатата година, иако бележи огромен пад на бројот на туристи (50 проценти во однос на првите девет месеци од 2012 година) поради големите проблеми со смогот, а експертите очекуваат дека цените во главниот град на Кина сигурно ќе се намалуваат и во иднина бидејќи станува голем проблем вработувањето на менаџери од средното ниво, особено оние со семејство и деца.

Меѓу првите десет се наоѓаат и Рио де Жанеиро (991 евро), Њу Делхи (959 евра), Париз (859 евра) и Сиднеј (844 евра).

Вкупниот обем на изнајмување на деловен простор е зголемен за 3 проценти на глобално ниво, а најголем раст бележи ЕМЕА, регионот во Европа, и покрај економските проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП