28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно забави економскиот раст на Јужноафриканската Република

Повторно забави економскиот раст на Јужноафриканската Република

juznoafrikanskarepublikazname158

Јужноафриканската Република, најголемата економија нa африканскиот континент во 2013 година, втора година по ред, забележа забавен економски раст, соопшти Заводот за статистика.

„Бруто домашниот производ (БДП) во 2013 година е зголемен за 1,9 проценти по растот од 2,5 проценти во 2012 година, се наведува во извештајот на Заводот за статистика со прелиминарните податоци за минатата година и се додава дека според конечните резултати за 2011 година, забележан бил економски раст од 3,6 проценти.

Одлучувачки фактори за растот беа секторите за финансии, недвижнини, услужните дејности, автомобилската индустрија, хотелиерството и угостителството, а во помала мера и рударството, пренесува АФП.

По лошиот почеток на годината и нестабилноста во третиот квартал поради долготрајните штрајкови, во последните месеци од 2013 година е забележан економски раст од 3,8 проценти по растот од само 0,7 проценти во претходниот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП