19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија нема обврска да даде кредит

Русија нема обврска да даде кредит

rusija4

Русија нема правна обврска да ја исплати наредната транша од кредитот за Украина, кој е договорен со отповиканиот претседател Виктор Јанукович, предупредува Сторчак.

„Немаме правна обврска да ги исплатиме преостанатите средства. Она за што ние говориме е нова фаза на преговори и нови договори. Во која форма ќе бидат направени тие договори, тоа ќе покаже времето“, предупреди заменикот на рускиот министер за финансии, Сергеј Сторчак.

Првата транша од три милијарди долари беше реализирана, но Русија потоа ја замрзна исплатата на наредната транша од две милијарди поради кризата во Украина.

Според договорот кој на 17 ноември минатата година го потпишаа рускиот претседател Владимир Путин и Виктор Јанукович, кој во моментов е отповикан од функцијата претседател на државата, Русија му вети на Киев дека до крајот на оваа година ќе му даде кредит во вредност од 15 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП