20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна втората фаза од проектот Млекарница Сахара во Македонија

Почна втората фаза од проектот Млекарница Сахара во Македонија

sahara-mlekara

Со сеење на 230 хектари со сточна храна и хидрогеолошки истражувања почна втората фаза во проектот Млекарница Сахара во Македонија.

„Во моментов се врши сеење на 230 хектари земјиште со зелен грашок што се употребува како сточна храна. Сеењето го вршат четири македонски компании од Источна Македонија кои имаа искуство со Сахара и во првата фаза кога се обработуваше земјата. Со оглед на големиот број активности во периодот што следи ќе се соработува и со локални македонски компании, а во исто време ќе се вработуваат и кадри во компанијата“, изјави Амриш Чандра, генералниот менаџер на Сахара во Македонија.

Со сеидбата започнуваат и хидрогеолошките истражувања на теренот за да се испитаат подземните води поради можен недостиг. Првата фаза, исто така, ќе опфати изградба на бунари и анализирање на квалитетот на водата што ќе трае 20 до 30 дена односно до почетокот на април. Оваа фаза ќе резултира со изградба на бунар, преку што ќе се анализираат водите.

„Ова не е вода за наводнување, туку вода потребна за кравите. Тоа значи дека треба да има соодветен квалитет. По истражувањето кое ќе се спроведува околу четири недели каде се испитува длабочината на која се наоѓа водата, капацитетот за снабдување со вода, следува изградбата на повеќе бунари преку кои подоцна се спроведува цел систем за водоснабдување за објектите кои се дел од целиот проект“, изјави Апе Синха, раководител на проектот.

Истражувањето ќе го спроведува македонската фирма „Геинг“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП