29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУљукаев: Русија ќе ја зголеми царината за украинските производи, ако Киев се...

Уљукаев: Русија ќе ја зголеми царината за украинските производи, ако Киев се приближи до ЕУ

Ulyukayev

Рускиот министер за економија Алексеј Уљукаев во интервју за германскиот весник „Ханделсблат“ предупреди дека Русија ќе ја зголеми царината за украинските производи, ако Киев се приближи до Европската унија.

„Ние и кажавме на Украина: Се разбира дека имате право да го изберете својот пат. Но, во таков случај ќе бидеме принудени да ја зголемиме царината за увоз, бидејќи постои опасност Украина да стане влезна врата кон Русија за европските производи, кои го преземаат пазар“, посочи Уљукаев.

Тој додаде дека Киев не може да остане силен партнер на Москва и во исто време да потпише договор за асоцијација со ЕУ.

Уљукаев демантираше дека политичката ситуација во Украина негативно ќе влијае врз руската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП