28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да оставите подобар впечаток

Како да оставите подобар впечаток

inte1

Имате трема пред разговорот за работа? Еве еден симпатичен приказ кој ќе ви ја олесни подготовката.

Познато е дека големите проблеми се решаваат кога ќе ги поделиме на мали сегменти. Во согласност со тоа, еве неколку нешта кои треба да ги направите непосредно пред интерјвуто.

Запознајте го работодавачот

Нема полош впечаток од оној на интервју да дојдете неинформирани за дејноста  на компанијата. Пред интервјуто, соберете ги сите корисни информации за компанијата.

Изгледајте остроумно

Се започнува од првиот впечаток. Облеката мора да биде прилагодена на ситуацијата. Вашите гестикулации мора да покажуваат дека сте самоуверени и мотивирани за отворената работна позиција.

Контакт со очи

Секогаш имајте отворен поглед, гледајте го соговорникот во очи, цврсто ракувајте се. Сето тоа покажува дека сте личност која е сигурна во своите квалитети, личност која знае колку вреди и колку може да понуди.

За креирање на првиот впечаток потребни се 90 секунди. Покажете го најдоброто од себе, но првенствено покажете дека го почитувате соговорникот, дека верувате во своето стручно знаење, и дека неговите цели ќе станат и ваши цели.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП