28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Јована Печијаревска, Менаџер за односи со јавност во Honeybiz

Интервју со Јована Печијаревска, Менаџер за односи со јавност во Honeybiz

jovana-pecijarevska-naslovna

ПР –от како професија, што попрецизно опфаќа?

ПР – от не е само професија, туку е начин на живот. Подразбира 24 часа будност. Оние ПР професионалци што јас ги познавам никогаш не се уморни и буквално никогаш не запираат.
Во зависност од природата на работата и клиентите со кои работите односите со јавност со себе носат низа на обврски и одговорности и затоа можеби е и неблагодарно да се дава точна дефиниција што попрецизно опфаќа оваа професија.
Појдовна точка на нашата професија е да креираме и да го одржиме имиџот на една компанија, организација или поединец и да се погрижиме за нивно добро и правилно претставување во јавноста.
Ова е една машинерија која тешко се конторолира, но токму тука лежи убавината на оваа професија. Нејзината непредвидливост, работата со различни профили на луѓе, кризните ПР ситуации ја прават исклучително шармантна и верувам дека е многу мал процентот на луѓе кои ја работат оваа професија, а не уживаат работејќи ја.

Како изгледа еден типичен ден на ПР професионалец?

Динамично, бурно, стресно и забавно.
Најголемиот дел од денот го поминуваме во комуникација со клиентите и работа на нови и тековни проекти. Неизбежна е секако подготовката на ПР соопштенијата, интервјуата, пресконференции, секојдневна комуникација со новинарите, истражување на пазарот, менаџмент на настани…

Има ли академска стручност од една страна и професионализам во ПР индустријата во Македонија од другата страна?

Во оваа професија, а верувам и во останатите очигледна е недоволната стручна подготвеност на кандидатите за работа. Проблемот лежи во праксата за време на студиите која за жал голем број на студенти не ја посетуваат.

Академската стручност и подготвеност  се од голема важност но сето тоа паѓа во вода, без пракса и пред се без оние основни човечки вештини кои треба да ги поседува секој ПР професионалец.
Во Македонија во оваа професија постојат и врвни професионалци и фер играчи но ги има и оние кои сакаат да играат “валкано”,  единствено треба да научите како да работите и со двете страни, а тоа доаѓа со искуството и годините поминати во професијата.

jovana-pecijarevska

Дали е ПР – от е иднината на индустријата на комуникации?

Иако многумина тврдат дека е, јас ќе одговорам негативно. Себично и арогантно е да се фаворизира една алатка на комуникацискиот микс. Живеењето во ера на целосна интегрираност, каде времето е најскапиот ресурс, па и навременоста најсилна пропозиција, подразбира потреба од холистички и интегриран микс кој надминува рамки и строгост од секој апсект. Потребно е да се фаворизира флексибилноста, а да се избегнува унифицираноста. ПР-от комбиниран со интерактивните бренд комуникации, социјалните медиуми и дигиталниот маркетинг во следниот период верувам дека ќе го диктираат развојот на индустријата на комуникации.

Како е позиционирана Honeybiz? Што Ве одвои од конкуренцијата?

Ова е ера на соработка, не постои класична конкуренција. Еден чинител на пазарот го чисти патот на другиот.  Не гледаме на останатите компании како конкуренција, напротив често соработуваме и како компанија секогаш даваме поддршка на добри и издржани проекти.
Honeybiz овој месец прославува две години постоење и за овој период сме и повеќе од задоволни од сработеното, клиентите со кои соработуваме и проектите кои беа реализирани покажуваат дека добро се позициониравме.  Она што не прави различни од останатите е енергијата која ја споделуваме како тим,  неуморното трагање по нови проекти, предизвици и постојаната подготвеност за акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП