20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал подготвува нова офанзива за Бензема

Арсенал подготвува нова офанзива за Бензема

Karim-Benzema211

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер уште не се откажал од намерата да го привлече својот сонародник во редовите на Реал Мадрид, Карим Бензема, тврдат медиумите во Франција.

За време на летниот период „топџиите“ имаат во план да ги продолжат разговорите за напаѓачот, а се очекува да испратат нова, подобрена понуда. Венгер го сакаше Бензема и пред почетокот на сезоната, но тогаш до трансфер така и не дојде.

Самиот Бензема сепак нема особено желба да го напушти „Сантијаго Бернабеу“. Од неодамна Бензема повторно ја ужива довербата на тренерот Карло Анчелоти. До летото сепак ситуацијата може повторно да се измени и токму на тоа се потпираат во Арсенал.

Инаку Французинот по последно време игра навистина одлично, а на последниот натпревар во Примера постигна дури два погодоци за победата на Реал од 4:2 против Вилјареал. Бензема оваа сезона во дресот на „кралевите“ настапи на 32 средби во сите конкуренции, притоа постигнувајќи 17 гола и 8 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП