25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗОИ: Дамјановски 78.ми на спринтот во крос-кантри

ЗОИ: Дамјановски 78.ми на спринтот во крос-кантри

damjanovski

Дарко Дамјановски е првиот Македонец кој настапи на Олимпијадата во Сочи. Тој денеска во квалификациите во трката крос кантри – спринт го освои 78.место.

Дамјановски патеката долга 1.800 метри ја помина со време 4:08.56 минути што е 40.21 секунди послабо од првопласираниот.

Во „Лаура крос кантри ски центарот“ настапија 86 скијачи, а 85 ја завршија трката.

Најдобар резултат во квалификациите постигна Ола Викен Хатестад со време 3:28.35 минути, второ време постигна Сергеј Устиугов, а трето време Федерико Пелегрино.

Првите 30 пласирани од квалификациите изборија учество во четвртфиналето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП