28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВо случај на грип, настинка – не правете ги овие работи!

Во случај на грип, настинка – не правете ги овие работи!

W

Кога сте болни, ве фатил некој грип или настинка, можеби кивавица, вие треба да му помогнете на вашето тело и организам, прочитајте ги следните нешта кои треба да ги избегнувате во ваквата состојба…

Затоплување

Погрешно!

Ако се затоплувате кога имате зголемена температура, ја нарушувате терморегулацијата. Како резултат, го оптеретувате срцето и крвните садови што може да предизвика забрзано чукање на срцето, отежнато дишење и нагли скокови на притисокот.

А, најважно од се, затоплувањето сигурно нема да ви помогне да ја намалите телесната температура. И општо, кога сте болни не треба да се затоплувате. Ќе се испотите, па ќе ви пречи и најмала промаја што може само да ја усложни болеста. Затоа, ако сакате да ја намалите телесната температура ставајте ладни облоги на челото или истуширајте се во млака вода.

Не станувајте од кревет

Погрешно!

Нема никаква потреба личноста која е настината или пати од кашлица да лежи постојано. При долготрајното лежење се намалува вентилацијата на белите дробови и бронхиите, па во нив се таложи слуз. А, затоа што инфекцијата се „спушта“ од горе надоле по дишните патишта, на оние кои одлучиле да го „прележат“ грипот им прети опасност од бронхитис и воспаление на белите дробови.

Се разбира, ова не значи дека ако сте болни можете да одите на работа и таму да ширите вируси. Но, слободно може да се движите низ домот и да обавувате полесни работи. При тоа треба што почесто да ги миете рацете за да не ги заразите домашните.

Јадете за да ви се врати силата

Да – но, внимавајте што јадете.

За да свари масна храна или храна богата со белковини, организмот троши многу време и енергија. Од друга страна, целата сила организмот на болниот треба да ја насочи кон борбата против инфекција. Тоа значи дека месните производи и супите со месо треба да се сведат на минимум.

Она што треба да се конзумира се хранливи продукти кои лесно се варат и не се задржуваат долго во желудникот: свеж и варен зеленчук, овошје (особено јужното), сокови и витамински напитоци.

Треба да се напомене и дека вирусот на грипот не сака газирана средина, па се препорачува благо газирана минерална вода со додаток на витамин Ц или свеж сок од лимон. Минералната вода исто така помага од црниот дроб да се исфрлат лековите, како што е парацетамолот по кој често посегнуваме кога сме настинати или имаме висока температура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП