19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКрај на една ера - Милан заминува од Сан Сиро

Крај на една ера – Милан заминува од Сан Сиро

san_siro111

„Росонерите“ планираат по изградбата на својот нов стадион да се иселат од „Сан Сиро“, каде ќе остане само Интер.

Иако претходните години често се споменуваше дека Интер би можел да замине од „Меаца“, се чини дека нов дом ќе побараат фудбалерите на Милан.

Општо познато е дека овие две екипи заеднички го делат стадионот уште од сезоната 1947/48, а тој има едно име кога игра Интер (Џузепе Меаца), а друго кога на него како домаќин игра Милан (Сан Сиро).

Сепак, тоа нема да биде така во иднина, бидејќи поради иницијативата на Барбара Берлускони, „росонерите“ многу сериозно ги разгледуваат плановите за изградба на свој нов дом, додека спроведувањето на планот најверојатно ќе започне следната година, а стадионот би бил подготвен за сезоната 2016/17.

„Сан Сиро“ инаку ќе биде домаќин на финалето од Лигата на шампионите во 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП