20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПреку 80.000 нарачки за новиот Opel Mokka

Преку 80.000 нарачки за новиот Opel Mokka

opel

Германскиот производител на автомобили, „Opel“, примил повеќе од 80.000 нарачки ширум Европа, за новиот модел „Mokka“, соопштија денес од компанијата.

Вршителот на должност, потпретседател за продажба, маркетинг и постпродажба во „Opel“, Данкан Алдред, изјави дека „со оваа динамика на нарачки, „Mokka“ е на пат да стане еден од најпродаваните модели во суб-компактната „SUV“ класа, во најбрзиот растечки сегмент во Европа“.

Купувачите кои се одлучуваат за „Mokka“, избираат суб-компактен модел кој е погоден за градско возење и за патувања надвор од урбаните средини, кој е пред возилата со поголеми димензии.

Моментално најдобро се продава „Mokka“ во „Cosmo“ варијанта, со 103kW/140ks, 1,4 литарски „екоFLEX“ турбо мотор и погон на сите тркала.

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП