25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСања и Фабиански си заминуваат од Арсенал

Сања и Фабиански си заминуваат од Арсенал

sagna5

Лукаш Фабиански и Бакари Сања ќе го напуштат Арсенал на крајот на сезоната, тврди денеска весникот „Дејли Стар“.

Договорите и на двајцата истекуваат на крајот на сезоната, по што тие ќе си заминат како слободни агенти.

За Сања веќе подолго време се знае дека одбива да потпише нов договор, и покрај надежите на Арсен Венгер да го премисли.

Сега сепак и Фабиански изјави дека сака да си замине. Неговите аргументи се доста разбирливи, бидејќи долго време тој останува резерва на Војчек Шчесни.

„Сакам да бидам број 1 во клубот и во репрезентацијата на Полска. Научив многу во Лондон за време на многу позитивни и предизвикувачки периоди. Имам најголема почит кон овој голем клуб, но не ја прифатив понудата да го продолжам договорот, бидејќи барам нови предизвици во Англија и во странство“, рече тој.

Причината за одбивањето на Сања е поинаква. Тој очекува голема понуда од француските богаташи ПСЖ или Монако.

Според печатот во Англија, Арсен Венгер бил склон да направи исклучок за 31-годишниот дефанзивец и да му предложи договор за 2 години, наместо само за една.

Неговата плата сепак ќе остане иста – 60.000 фунти неделно, што не му се допаѓа на фудбалерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП