18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБолни сте – дали да вежбате или не?

Болни сте – дали да вежбате или не?

Ако се двоумите дали треба да се воздржите од тренингот додека сте болни, имате грип, вирус, покачена температура, или да ги стиснете забите и да издржите, еве што советуваат експертите: Вежбањето додека сте болни може на вашето тело да му предизвика повеќе лоши отколку добри работи.

Дилемата која постојано ги мачи рекреативците е дали да вежбаат или да се одмараат додека се болни, доби епилог во форма на стручен совет. Имено, американските кинезиолози советуваат кога е потребно да се земат неколку денови одмор, а кога да се продолжи со тренинзите? Сето тоа, како што велат тие, зависи од симптомите кои ги имате и „каде се наоѓаат тие“.

Лицата кои ги мачат некои симптоми над вратот, како што е затнат нос или кивавица, можат да вежбаат и да продолжат со својата рутина. Меѓутоа, лицата со симптоми под вратот, како што е температура, мачнина и болка во мускулите, бактерија, проблеми со некој орган и сл. би требало да останат во својот кревет и да се опорават.

Вашето тело кога е болно се бори со болеста, а тоа значи дека во тој момент е под голем стрес, се што му е потребно е одмор за да може да ја победи болеста, а вежбањето при таквата состојба ќе ви зададе дополнителен стрес кој на телото само ќе му ја отежни работата, а во некои посериозни случаи и ќе ја загрози.

Лицата кои се болни мораат да одмараат, но доколку повеќе денови лежат и се желни за некаква активност може да ги применат исклучиво вежбите за истегнување со слаб интензитет. Притоа течностите за консумирање треба двојно да се зголемат.

Експертите ве предупредуваат дека со своеглавото преземање на ризик и вежбање на вежби во случај на болест самите ризикувате да си го загрозите животот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП