20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈуве подготвува нов договор за Погба

Јуве подготвува нов договор за Погба

paul-pogba dog

Јувентус ќе направи се што е можно да го задржи Пол Погба. Според „Gazzetta dello Sport“, оваа недела „бјанконерите“ ќе започнат преговори со агентот на Погба – Мино Раиола за договор кој ќе е до 2018-та година со плата од 4,5 милиони евра на година.

Екипата на ПСЖ чека со исклучително примамлива понуда од 70 милиони и уште подобар договор за Погба. Меѓутоа, извршниот директор на Јуве, Бепе Марота е убеден дека преговорите ќе завршат со успех за италијанскиот тим.

Погба е олицетворение на вистинската работа во Јувентус. Тој беше привлечен во Торино во текот на летото на 2012-та година како слободен трансфер од Манчестер Јунајтед.

По два одлични сезони во дресот на „старата дама“, денеска Погба е меѓу највисоко котираните играчи во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП