29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНов Crossover на Suzuki премиерно во Женева

Нов Crossover на Suzuki премиерно во Женева

suzuki

На интернет се појавија први фотографии од производство на верзијата на „S-Cross“ кој „Suzuki“ го претстави лани во Париз.

Тоа може да значи дека обновениот „SX4“ кој го видовме нема да се појави во Европа, туку е резервиран конкретно за Азија или пак дека новиот „Crossover“ кој доаѓа во Женева, не е замена за споменатиот „SX4“, туку дополнување на „Suzuki“.

Бидејќи „Suzuki“ сеуште молчи за овој новитет, тешко е да се каже која од овие две можности е точна.

Тоа што го знаеме моментално за „S-Cross“ е дека има должина од 4.310mm, ширина од 1.840mm и висина од 1.600mm, така што e 160mm долг, 85mm широк и 20mm понизок од актуелниот модел „SX4“.

Компанијата „Suzuki“ го откри местото на кое ќе се произведува овој новитет со погон на сите тркала. Тоа е фабриката на „Suzuki“ во Естергом, Унгарија, која веќе се подготвува за пристигнување на „Crossover“, кој на пазарот би требало да се појави по завршување на летото.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП