24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбрахимовиќ е најплатениот фудбалер во Светот!

Ибрахимовиќ е најплатениот фудбалер во Светот!

ibraa

Авторитетното англиско списание „World Soccer“ состави листа на најдоброплатените фудбалери во Светот. Првото место во неа го зазема ѕвездата на ПСЖ, Златан Ибарахимовиќ.

Шведскиот напаѓач заработува 14,67 милиони евра годишно, па со тоа зад себе ги остава Кристијано Роналдо и Радамел Фалкао. Асот на Реал Мадрид заработува по 14,4 милиони долари годишно, а колумбиската машина за голови заработува по 14,15 милиони евра.

Четврти во ова рангирање е Тиаго Силва од ПСЖ ( 12,15 милиони ), а Лионел Меси е едвај петти со годишна плата од 10,7 милиони. По него се редат Герет Бејл, Чави и Андрес Иниеста, а Нејмар е на 13-то место.

Најмногуплатените фудбалери во Светот:

1. Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ) – 14,67 милиони.

2. Кристијано Роналдо (Реал М) – 14,4 милиони.

3. Радамел Фалкао (Монако) – 14,15 милиони.

4. Тиаго Силва (ПСЖ) – 12,15 милиони.

5. Лионел Меси (Барселона) – 10,7 милиони.

6. Герет Бејл (Реал М) – 9,46 милиони.

7-8. Чави (Барселона) – 8,07 милиони.

7-8. Андрес Иниеста (Барселона) – 8,07 милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП