25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБлатер не размислува за пензија, се подготвува за нов мандат

Блатер не размислува за пензија, се подготвува за нов мандат

blater sep

Сеп Блатер најави дека ќе се кандидира за уште еден мандат како претседател на Меѓународната фудбалска федерација. 77 -годишниот Швајцарец, кој е на чело на светскиот фудбал веќе 16 години, рече дека ако нема сериозни здравствени проблеми до изборот кој ќе е во 2015-та година, не гледа причини да не се кандидира.

„Во добро здравје сум и не сметам дека треба да престанам со работа. Ќе се кандидирам, ако федерациите-членки ме подржат во мојата намаера“, изјави Сеп Блатер кој е на чело на ФИФА од 1998-та година.

Освен Блатер досега официјално објавил дека ќе се кандидира за функцијата и поранешниот потпретседател на ФИФА, Жером Шампањ.

Можноста за да објави кандидатура размислува и актуелниот претседател на УЕФА, Мишел Платини. Тој рече дека ќе ја објави својата одлука по финалето на Светското првенство во Бразил во текот на летото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП