19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул го нудел Суарез за 40 милиони фунти и плус Волкот

Ливерпул го нудел Суарез за 40 милиони фунти и плус Волкот

suki luis

Eкипата на Ливерпул минатото лето сакала да го пушти Луис Суарез во Арсенал, но во замена на 40 милиони фунти плус Тео Волкот.

Веста доаѓа само ден пред натпреварот помеѓу Арсенал и Ливерпул во Премиер лигата, и тоа дека „црвените“ ја упатиле оваа шокантна понуда во последните денови од летниот преоден рок.

Менаџерот на тимот од Лондон, Арсен Венгер сепак ја отфрлил понудата, бидејќи сметал дека цената е превисока, а и не сакал да го загуби Волкот.

Англискиот репрезентативец е проценет на 25 милиони фунти од Ливерпул и реално „топџиите“ би требале да платат 65 милиони фунти за Суарез.

Ливерпул ја отфрли можноста Суарез да премине на „Емирати“, откако во јули ја одбија понудата од 40 милиони плус 1 фунта.

Во текот на жешките летни месеци самиот фудбалер сакаше да го напушти тимот од градот на Битлси и да премине во Арсенал.

Крајот на сагата дојде во декември кога 27-годишниот Уругваец потпиша нов договор со „црвените“ за 4,5 години и 200 илјади фунти неделна плата.

Сепак медиумите откриваат дека во договорот му била вклучена откупна клаузула која овозможува тој во јуни да биде продаден на клуб од друго првенство.

Точната вредност на клаузулата се чува во тајност, но според различни извори, таа е околу 60 – 70 милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП