16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо Сочи почнуваат 22. Зимски oлимписки игри

Во Сочи почнуваат 22. Зимски oлимписки игри

O

Рускиот град на брегот на Црно Море, Сочи е домаќин на 22. Зимиски Олимписки игри што ќе се одржуваат до 23 февруари.

На борилиштата во Сочи и околните планини на Краснаја Полјана ќе се појават 2.860 спортисти од 88 национални олимписки комитети што е за шест повеќе од претходните Игри во Ванкувер 2010 година.

На Игрите, Македонија ќе ја претставуваат тројца спортисти: Дарко Дамјановски, Антонио Ристевски и Марија Колароска.

Знамето на Македонија на Свеченото отворање ќе го носи нордиецот Дамјановски, за кого ова е трето учество на Олимписки игри, додека за алпскиот скијач Ристевски ова е втор настап.

Шеснаесетгодишната Колароска ќе дебитира на Зимските олимписки игри во нордиските дисциплини.

На Игрите спортистите ќе се натпреваруваат во 15 дисциплини, а ќе бидат поделени 98 комплети медали.

Организаторот на Игрите вложи огромни средства за изградба на спортските објекти, но и за инфраструктурата.

Според проценките ова ќе бидат најскапите Игри досега одржани (заедно со инфараструктурата сумата достигнува до 50 милијарди долари).

Особено внимание е посветено и на безбедноста со цел спортистите, тренерите и публиката да се чуствуваат безбедно.

Олимпискиот оган веќе се наоѓа во Сочи откако мина пат од околу 40.000 километри и ќе биде запален на Олимпискиот стадион „Фишт“, а традиционално името на последниот што ќе го носи олимпискиот факел и што ќе има чест да го запали олимпискиот оган се чува во најголема тајност.

Отворањето ќе почне во 20:14 часот по локално време, а на него се најавени рекордни 65 светски лидери, што е трипати повеќе од Ванкувер пред четири години.

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов е најавен дека ќе присуствува на Отворањето, а во Сочи веќе се наоѓа и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Бан Ки – Мун, како и рускиот претседател Владимир Путин, кој беше дел од состанокот на Интернационалниот Олимписки комитет.

Игрите почнаа вчера со квалификаците натпревари во сноуборд, во слободно скијање и во уметничко лизгање, а ќе траат вкупно 16 дена или до 23 февруари кога се и последните натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП