20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНевозможна мисија: Монако ги сака Меси и Роналдо!

Невозможна мисија: Монако ги сака Меси и Роналдо!

lionel-mesi-kristijano-ronaldo

Сопственикот на фудбалскиот клуб Монако, Дмитри Риболовлјев сака во наредната сезона да ги ангажира двајцата најдобри играчи во светот, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Потпретседателот на Монако, Вадим Василјев истакна дека реално е во овој клуб да дојдат Меси и Роналдо.

„Се е можно во фудбалот. Кога Дмитри го купи клубот веднаш стапи во контакт со Роналдо. Имавме неформални разговори, а тој истакна дека сака да остане во Реал. Потоа го продолжи договорот со „кралевите““, изјави Василјев и додаде:

„Тој знае дека доколку ситуацијата се промени, дека ние сме тука. Вратата му е отворена. Истото важи и за фудбалерот на Барселона, Лионел Меси. Минатата година го доведовме Радамел Фалкао. Мораме да бидеме скормни, затоа што неможеме сите веднаш да ги доведеме“.

Василјев истакна дека клубот ќе инвестира во иднината и дека наскоро ќе формираат најдобра младинска академија во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП