29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку повеќе кафе, толку помал ризик од депресија

Колку повеќе кафе, толку помал ризик од депресија

a-_morning_coffee-1558233

Ако консумирате кафе веќе знаете кои се неговите релаксирачки моќи, а ако се прашувате дали овој наслов е вистина, вие сигурно не сте од оние кои пијат кафе.

Жените кои пијат две или повеќе шолји кафе на ден имаат помали шанси да заболат од депресија, покажуваат најновите истражувања.

Резултатите на истражувањето се објавени во „Archives of Internal Medicine“, а во студијата учествувале повеќе од 50.000 американски медицински сестри.

Не е познато зошто жените кои пијат кафе поретко паѓаат во депресија, но авторите на истражувањето сметаат дека кофеинот во кафето може да влијае врз хемискиот баланс во мозокот.

Научниците истакнуваат дека сега е потребно повеќе да се работи на подоброто разбирање на поврзаноста на кафето и доброто расположение кај жените, а во меѓувреме на дамите им се препорачува да пијат повеќе кафе, за да им се подобри расположението.

Истражувањето траело повеќе од десет години, а во него тим од медицинскиот факултет при Харвард го следел здравјето на жените кои низ прашалници одговарале на тоа колку кафе конзумираат. Научниците заклучиле дека во тој период само 2.600 жени од учесничките во студијата започнале да патат од депресија, а повеќето од нив ретко пиеле кафе.

Во споредба со жените кои пијат една шолја кафе дневно, љубителките на кафе кои пијат по 2-3 шолји на ден имаат 15 проценти помал ризик од развој на депресија. „Колку повеќе кафе, толку помал ризик од депресија“, велат од Харвард, додавајќи дека оние кои пијат четири или повеќе шолји кафе на ден го намалуваат ризикот од депресија за 20 проценти.

Но, научниците напоменуваат дека и со кофеинот не треба да се претерува, бидејќи може да предизвика тегоби ако се конзумира во „недолични“ количини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП