28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШалке 04 може да го изгуби Мејер за 25,5 милиони евра

Шалке 04 може да го изгуби Мејер за 25,5 милиони евра

mejer maks

Осминафиналистот во Лигата на шампионите, екипата на Шалке 04 во текот на летото може да го изгуби еден од најголемите таленти Макс Мејер. Според договорот на 18-годишниот фубалери во него како ослободувачка клаузула стои износот од 25,5 милиони евра, која за повеќето гиганти во Европа не е толку голем проблем, открива „Билд“.

Во ноември минатата година, раководството на Шалке 04 успеа да го продолжи договорот на талентот до 2018-та година, откако Челзи понуди за него 15 милиони евра. Во тој момент, Мејер можеше да го напушти клубот за сума од 18 милиони евра по силата на стариот договор.

„Се чувствувам одлично тука и не гледам причина да го менувам тимот “, изјави Мејер, кој се смета за еден од кандидатите за покана од селекторот на Бундестимот, Јоаким Лев за Светското првенство во Бразил од 12-ти јуни до 13-ти јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП