29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСарачини: Ублажени последиците од кризата и подобрена економијата

Сарачини: Ублажени последиците од кризата и подобрена економијата

saracini

Зголемувањето на извозот во минатата година, особено кон земјите членки на ЕУ, министерот за економија Ваљон Сарачини го оценува како позитивно и смета дека владините мерки и активности придонесоа не само да се амортизираат негативните ефекти од кризата, туку и да се подобри состојбата во економијата.

„Во 2013 споредено со 2012 има зголемување на извозот за 6,6 проценти, а позитивен е и податокот што е забележано зголемување на извозот за 18,7 проценти во земјите членки на ЕУ“, изјави денеска Сарачини.

Тоа покажува дека кризата полека исчезнува од земјите членки на ЕУ и добро е што 16 земји во евро зоната веќе бележат раст.

„Над 70 проценти од нашиот извоз е наменет кон земјите на ЕУ и ова е многу важно за нас затоа што со владините мерки коишто произлегуваат од Стратегијата за промоција на извозот, но и со другите мерки како евтините кредити преку Европската инвестициска банка, успеавме не само да ги аморитизираме негативните ефекти од кризата, туку и да ја подобриме целокупната состојба во економијата. Тоа се покажува и од резултатите од Државниот завод за статистика“, посочи Сарачини, одговарајќи на новинарски прашања.

Годинава, истакна, ќе биде фокусирана на организирање повеќе бизнис форуми и директни средби со компании и изготвување програма насочена кон компаниите кои ќе бараат трети пазари.

„Да не биде фокусиран извозот само на традиционалните пазари, односно на пазарот на ЕУ, и да се бараат нови пазари со разни мерки и активности што како Влада им ги овозможуваме на бизнисмените“, наведе министерот за економија, укажувајќи на улогата на почесните конзули и на економските промотори за промовирање на производите на домашните компании.

Според Сарачини, македонските компании треба повеќе да соработуваат со компаниите од регионот и здружено да настапуваат на трети пазари. Конкретно, истакна, на азиските пазари, каде скоро сите земји од регионот веќе ги пласираат своите производи, а од Македонија само мал број компании, три – четири. Затоа 5-те проценти од компаниите коишто веќе десет години извезуваат треба да се зголемат на повеќе проценти, односно повеќе компании да се осмелат да бидат поконкурентни, поиновативни и да создаваат нови брендови кои во иднина ќе може да се пласираат и на трети пазари, изјави Сарачини, при посетата на Унизверзитетот на ЈИЕ во Скопје.

Вкупната трговска размена со странство минатата година изнесувала 10.866.685 илјади американски долари, од кои 4.266.861 илјади долари е извоз, а 6.599.824 илјади долари се увоз. Покриеноста на увозот со извозот е 64,7 отсто, а трговскиот дефицит изнесува 2.332.963 американски долари.

Податоците на ДЗС покажуваат лани, 72,6 проценти од вкупниот извоз бил во земјите од ЕУ и во државите од Западен Балкан 17,6 отсто. И во увозот најголем дел отпаѓа на ЕУ (62,6 отсто).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП