28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПримена на стандардите за подобри економски резултати на компаниите

Примена на стандардите за подобри економски резултати на компаниите

primenastandardi1

– Институтот за стандардизација заедно со компанијата „Раде Кончар, контрактори и релеи“ во наредните шест месеци ќе спроведуваат проект за примена на стандарди и економските придобивки.

Целта е да се види колку примената на европските стандарди ќе имаат позитивно влијание на економските резултати на работењето на компанијата. Доколку се постигне зголемување од 2-3 проценти, според директорот на Институтот за стандардизација Љупчо Давчев, ќе значи дека се постигнати резултати.

Велибор Ивановски од „Раде Кончар“ посочи дека очекуваат меѓу 5-7 проценти зголемување на економски план од примената на стандардите. Посочи дека тие веќе имаат применето некои европски стандарди и оти се една од компаниите во Македонија која на своите производи ја имаат озната „СЕ“ за безбедност на производот, а без кој не може да се извезува на европските пазари.

– Процесот на стандардизација не е едноставен и е навистина скап. Целтата постапка може да чини за некои стандарди и до 10-тина илјади евра, рече Ивановски.

Директорот Давчев потенцира дека самиот стандард чини меѓу 1000 и 3000 евра, но оти имплементацијата на стандардите ги чини многу повеќе компаниите. Институтот, појасни, не ги создава стандардите, туку на иницијатива на компаниите ги поврзува и им помага да го изработат стандардот.

Истакна дека во изминатиот период се укинати 11.600 стандарди кои важеле во поранешна Југославија и оти добиле нови над 20.000 еврпски стандарди.

Македонија, како што рече, има и свои пет национални стандарди и се однесуваат за тутунските производи, течните горива, гасоводните системи, пластиката… Давчев посочи дека во изработка се уште два стандарда кои се однесуваат на тутунската и авиоиндустријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП