19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинимални услови за директна продажба за производителите на традиционална храна

Минимални услови за директна продажба за производителите на традиционална храна

medmedmakedonija1

Вкупно 320 барања за одобрувања на здравствените тврдења до сега се поднесени до Агенцијата за храна и ветеринарство, од нив за некои од производите се поднесени повеќе барања за одобрувања на здравствените тврдења, информираше денеска Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од барањата одобрени се 64, а во рамките на овие барања одобрени се 234 здравствени тврдења. Три барања се одбиени коi во себе имаат 26 здравствени тврдења (тврдење за односот меѓу прехранбениот производ и здравјето на луѓето), а останатите 253 барања се во постапка.

Процесот на одобрување на здравствените тврдења оди преку комисија која што се состои од пет луѓе од Агенцијата за храна и ветеринарство и претставници од Медицинскиот факултет и Факултетот за фармација.

Како што информираа од Агенцијата, од наредната недела преку нивната веб страница потрошувачите ќе можат да се информираат за текот на одобрување на здравствените тврдења. Од наредната недела ќе почне со работа бесплатниот телефонски број 0800-32222 преку кој потрошувачите ќе можат да се информираат за здравствените тврдења, за поднесување претставки, поплаки од работа на инспекторите и операторите со храна и сето она што потрошувачите мислат да го пријават.

Минатата година, до Агенцијата се поднесени 281 претставка што е за 30 проценти повеќе од 2012 година. Половина од претставките се однесуваат на производи од неживотинско потекло, а 16 отсто се однесуваат на производите од животинско потекло и преостанатите 38 проценти од претставки се во делот на здравствената заштита и состојбата на животните. По однос на претставките донесени се 79 решенија, покренати се 8 прекршочни пријави и уништени се 10.500 килограми храна.

Како новитет од Агенцијата го истакнаа правилникот кој ќе важи за примарните производители на традиционални млечни производи каде со употреба на минимални услови на хигиена одобрени од Агенцијата ќе можат со регистрација во Агенцијата за храна и ветеринарство и да си ги продаваат своите производи на пазарот.

Производителите на традиционална храна ќе можат преку поднесување апликација да се регистрираат во Агенцијата со тоа што инспектори ќе ги посетат нивните мандри, бачила, …. и ќе им укажат на минималните стандарди за исполнување во делот на инфраструктурата.

Досега од Агенцијата одобрени се 10 мандри каде еден од нив има и извезено традиционален производ.

Од Агенцијата информираа дека од неодамна донеле и нов правилник за кој производителите на традиционална храна на пет типа производи меѓу кои е вклучено и суровото млеко ќе можат да ги пласираат своите производи преку дирекна продажба. Овие производители кои треба да бидат регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство своите производи ќе можат да ги продаваат дирекно од своите фарми или домови.

Производите од овие производители ќе можат да се продаваат и во продавници со специјално означени места за „традиционална храна“. За да се регистрира производител на традиционална храна во Агенцијата за храна и ветеринарство, производителот не смее да произведува повеќе од 30 литри млеко дневно, 50 јајца дневно или 1.000 килограми мед во сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП