28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАМаркетинг план – патот кон остварување на целта

Маркетинг план – патот кон остварување на целта

Секој бизнис, без оглед на производите или услугите кои ги нуди, треба да има добар маркетинг план.

Сфатете го тоа како патоказ кој ќе ви помогне да ги достигнете вашите бизнис цели. Доколку знаете што сакате да постигнете, едноставно мора да имате план како да дојдете до тоа, и нормално знаци кои ќе ви помогнат на патот. Постојат неколку компоненти кои го сочинуваат маркетинг планот, и покрај вашиот бизнис план, ќе треба внимателно да се планира и спроведе истражување за да се создаде квалитетен документ.

Идентификација на пазарите

Важно е јасно да се дефинира пазарот за вашите производи и услуги. Вашиот план треба да содржи: анализа на пазарот (Кој е вашиот пазар?, Која е вашата позиција во него?), развој на овој сектор (Дали вашиот пазар е во пораст, намалување, или го достигнал врвот? Дали е специфичен?), база на клиенти (возраст, пол, приходи, локација и психографски карактеристики како што се предиспозиции, влијанија, начин на живот) и SWOT анализа (Бизнис сили (strenght), слабост (weakness), можности (opportunity) и заканите (threat).

Маркетинг микс стратегии

Откако ќе го утврдите своето место на пазарот, мора да го формулирате вашиот маркетинг микс. Маркетинг миксот е комбинација на производи (стоки, услуги, инсталации, надградби, техничка поддршка и се друго што им се нуди на клиентите), цена, локација (ги продавате вашите производи во продавница, или преку телефон и интернет?, На колкав простор се наоѓате?) и луѓето.

Кога ќе определите кои се вашите клиенти, морате да утврдите најдобар начин да управувате со односите со клиентите

Анализа на конкуренцијата

Вашиот маркетинг план треба да вклучува и детална анализа на конкуренцијата. Мора да знаете која е вашата конкуренција, какви цени имаат, какви производи односно услуги нудат, кои се нивните предности и слабости, кој дел од пазарот го држат, и како се промовираат.

Промотивни активности

Јасно треба да се определи дали ќе користите директен маркетинг, реклама или продажни промоции во вашата маркетинг кампања. Рекламите можат да бидат скапи, па затоа е многу важно парите да се трошат мудро, и да ја следите и оценувате ефикасноста на кампањите.

Буџет

Вашиот маркетинг план мора да содржи годишен маркетинг буџет и детална листа на очекуваните трошоци. Исто така треба да се приложи и проекција на очекуваното враќање на маркетинг трошоците.

Флексибилност

Со маркетинг план треба да се биде флексибилен. Одредени фактори можат да ве натераат да го измените планот, на пример, промените во животната средина, политиката на владата, технологијата, конкуренцијата, промена на добавувачите и многу други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП