20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонференција „Прво интервју за работа, што се треба да се знае“

Конференција „Прво интервју за работа, што се треба да се знае“

intervjuintint1

Успешното претставување на првото интервју за работа е клучно за добивање можност за почнување кариера. Младите и покрај добрите квалификации од образованието треба да се подготват за интервју.

Тоа беше истакнато на конференцијата „Прво интервју за работа, што се треба да се знае“, што се одржува денеска во Скопје, во организација на претставиштвото на Стопанската комора на Германија во Скопје, Агенцијата за привремено вработување „Анторис“ и Комитетот на германското стопанство за Источна Европа.

Претставници на компаниите и на агенции за привремени вработувања на конференцијата пред студенти кои волонтирале во Германија им укажуваат на можностите за вклучување на пазарот на труд.

Ирена Несторовска, директор на „Анторис“ вели дека пазарот на труд во Македонија е комплексен и на младите треба да им се помогне при аплицирање за работа.

– Секоја фирма бара различни квалификации и искуства, а младите претежно се неквалификувани и непрофесионално се однесуваат на интервјуата за работа. Однесувањето на првичното интервју е многу важно за вработувањето затоа што тука го оставаат првиот впечаток, изјави Несторовска.

За младите, посочи, е корисна помошта како да состават своја кратка биографија и да се подготват за интервју за работа. – Располагаме со база на членови кои активно бараат работа, постојано правиме обуки, ги советуваме младите членови како да се однесуваат на интервјуто за работа, како да ги состават своите документи за аплицирање, кодекс на однесување и облекување, коишто во нашите услови се потребни, наведе Несторовска.

Марија Радевска, претставник на Стопанската комора на Германија, истакнува дека и покрај стручните квалификации на младите им треба охрабрување и подготовка за првото работно место.

– Веќе седум години организираме стипендиска програма за млади луѓе, кои одат на пракса во врвни германски компании. По нивното практично искуство таму и работа на реални проекти во реални тимови, се враќаат во Македонија, со стекнато квалитетно стручно знаење, но без знаења како практично да настапиме на пазарот на труд, што се прави на интервјуто за работа, а што не, изјави Радевска.

Младите треба да знаат кои се тестовите што се почесто се користат денес при регрутацијата на кадар, од психилошки тестови до тестови за знаење.

Анкетата меѓу германските компании инвеститори во Македонија, како што рече Радевска, покажува дека секоја година има се повеќе компании што се задоволни од работната сила на македонскиот пазар на труд, но оти сепак мора да вложуваат дополнително во нивната доедукација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП