25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗапомнете што е тоа приватен живот: Исклучете го мобилниот, заборавете на меилот

Запомнете што е тоа приватен живот: Исклучете го мобилниот, заборавете на меилот

kariera1

Денешниот свет невозможно е да се замисли без интернет, мобилни мрежи, телевизија и сите нови чуда на модерната технологија.

И кога ќе помислите како денес невозможно е да издржите само пола ден без пристап на интернет, не ви е јасно како луѓето нормално функционирале и работеле само со фикен телефон, факс и машина за пишување.

Можеби некој ќе каже дека тоа биле среќни и безгрижни времиња, кога сите ја вршеле работата исклучиво од работното место. Денес сите знаеме дека тоа е невозможно. Повеќето од вработените свесно ја пренесуваат својата работа во својот дом.

Дали навистина е потребно да спиете со мобилен телефон до вашата глава и да реагирате веднаш на секоја пристигната порака?

Се зависи од природата на работата. Да бидеме реални, повеќето пораки не се толку важни за веднаш да одговорите. Вашата повратна порака не значи прашање на живот или смрт.

Ако луѓето околу вас ги навикнете дека одговарате на секоја пратена порака, и дека ја обавувате работата во било кое време од денот, тие секогаш на тој начин ќе се однесуваат кон вас.

Почитувајте го вашето слободно време и опуштете се!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП