19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДокажано: Пластиката предизвикува тумор на црниот дроб

Докажано: Пластиката предизвикува тумор на црниот дроб

plastichnishishinja1

Бисфенол А, основната состојка на пластичната амбалажа, предизвикува рак, велат научниците…

Супстанцата бисфенол А (БПА), основната состојка на пластичната амабалажа, предизвикува тумор на црниот дроб, тврдат научниците од Универзитетот во Мичиген кои ги тестираа глувците изложени на оваа супстанца уште пред раѓањето.

Резултатите покажаа дека дури 27 проценти од глувците изложени на дози од БПА, и тоа преку исхраната на мајката во текот на нејзината бременост, добиле тумор на црниот дроб. Колку дозата била поголема , толку поголема била и можноста за појава на тумор – вели Керен Винхаус, член на истражувачкиот тим.

Таа додава дека глувците чии мајки внесувале 50мг БПА имале седум пати повеќе шанси да равијат тумор отколку глувците чии мајки не внесувале БПА.

Сепак, сега е потребно да се истражи колку БДП има влијание врз луѓето.

-Нашите резултати покажуваат дека итно е потребно да се испита влијанието на бисфенол А врз луѓето, вели таа.

Според неа сега е потребно да се откријат и биомаркери кои би сигнализирале дека постои ризик од болеста пред болеста да започне да се развива. Нормално, прво кај глувци, а подоцна и кај луѓето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП