29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФФРМ и Ветеринарната комора ја зајакнуваат соработката

ФФРМ и Ветеринарната комора ја зајакнуваат соработката

farmeri i veterirnari

Федерацијата на фармери (ФФРМ) и Ветеринарната комора на Македонија денеска потпишаа меморандум со кој ја унапредуваат досегашната соработка.

Меморандумот, како што истакнаа, е од интерес не само за земјоделците и ветеринарните доктори, туку од него придобивки ќе имаат и граѓаните како крајни потрошувачи.

„Македонија како земја аспирант за членство во Европската унија е исправена пред низа предизвици во смисла на имплементација на корпус прописи. Во таа смисла, поблиската соработка меѓу двете институции би довела до полесна имплементација на прописите од аспект на здравствената заштита, системот за идентификација и регистрација на стоката….“, посочи претседателот на Ветеринарната комора, Томислав Николовски.

Според претседателот на ФФРМ, Андреја Секуловски, официјализирањето на соработката ќе придонесе не само за полесна имплементација на прописите кои се бараат од земјоделците за да бидат конкурентни на пазарот, туку и за решавање на проблемите со кои се соочуваат во своето работење.

„Нашата заложба е да ги пресретнеме проблемите, а не да ги лечиме. Сакаме да ги препознаеме ризиците во нашето работење и да им понудиме решение на земјоделците кои се нашата целна група“, нагласи Секуловски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП